Левица: Владата доби пет години за уривање на дивоградбите – Охрид „се спаси“ од црната листа на УНЕСКО

Од:

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот регион да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност. Место тоа, Владата доби уште 5 години за да ги спроведе забелешките на УНЕСКО за заштита. Со тоа УНЕСКО повторно ѝ даде шанса на Македонија. Но ова не е победа. Ова е веројатно последната опомена. Наместо оваа одлука да биде причина за славење, таа треба да биде причина за срам. Со години добиваме нови рокови, нови препораки и нови предупредувања, а проблемите остануваат исти. Денес зборуваме за 4.847 дивоградби во Охридскиот регион, бројка која сама по себе покажува дека институциите со години ги пикаат работите под тепих и не ја вршат својата работа. Најдобар доказ за тоа е што од 2019 до 2024 година биле издадени 456 конечни и извршни решенија за уривање, а ниту едно не било спроведено, соопштија од Левица.

Од партијата велат „Изјавата дека дивоградбите „треба да се рушат на законски начин“ доаѓа предоцна. Прашањето е зошто тие воопшто биле дозволени да се изградат? Каде беа институциите кога никнуваа илјадници нелегални објекти? Владеењето на правото не започнува со рушење, туку со спречување на беззаконието“.

„Левица алармира со години на оваа тема, на секоја седница, пред и по секој извештај. УНЕСКО повеќе од една деценија повторува идентични забелешки: отстранување на дивоградбите, запирање на неконтролираната урбанизација, заштита на крајбрежјето и доследно спроведување на законите. Наместо исполнување на препораките, државата со години се потпира на нови пролонгирања.

Охрид не смее да стане пример како се троши меѓународниот кредибилитет на една држава, а статусот на светско наследство не е вечен. Тој се заслужува со одговорно управување, кое очигледно го нема!

Ова се веројатно последните пет години, кои не ги добивме затоа што сме биле успешни во управувањето. Ако и оваа шанса биде потрошена на изјави, комисии и административни процедури, тогаш вината ќе мора да ја побараме во оние што со години дозволуваа Охрид да се претвора во симбол на институционална негрижа, наместо во пример за заштита на светското наследство“ е ставот на партијата.

Би можело да ве интересира

Крмов: Најавуваме радикализација доколку не се исправи неправдата – почнуваме со иницијатива за укинување на платеното политичко рекламирање

Катерина Ѓуровски

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он