Скандал во Хрватска: Полицајци имале сексуални односи во службено полициско возило

Од:

Сериозен скандал ја потресе Полициската управа Пожешко-славонска во Хрватска, откако во јавноста се појавија информации дека неколку полициски службеници наводно во повеќе наврати имале сексуални односи со иста жена, и тоа за време на работното време и во службено полициско возило.

Според хрватските медиуми, случајот бил откриен сосема случајно, за време на истрага поврзана со пријава за семејно насилство. При полицискиот увид, бил одземен мобилниот телефон на сопругата на еден од инволвираните, а при неговото вештачење биле пронајдени експлицитни фотографии и видеа.

На снимките, како што се наведува, биле препознаени повеќе полициски службеници, а дел од материјалите наводно биле направени во службено полициско возило и за време на нивната работна смена.

По објавувањето на информациите, надлежните институции започнале внатрешна истрага за да се утврди дали биле прекршени службените должности, како и дали постојат елементи за дисциплинска или кривична одговорност. Засега не се соопштени официјални детали за евентуални санкции, а истрагата е во тек.

Случајот предизвика бројни реакции во хрватската јавност, особено поради фактот што станува збор за лица задолжени за спроведување на законот. Јавноста очекува целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорност доколку наводите се покажат како точни.

Би можело да ве интересира

Србија отвори фабрика за израелски дронови, најавени уште три низ земјата

Селф: Не е исклучена можноста за распад на БиХ

Кос во Европскиот парламент: Сликите од Белград не го претставуваат српското општество во целина, но за достоинството на жртвите не преговараме

Повеќе од 70 отсто од младите во БиХ сакаат да ја напуштат земјата по школувањето

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Познат генерал пронајден мртов