Српското МВР го активираше системот „Пронајди ме“: Исчезна 12-годишната Анѓелија Димитријевиќ

Од:

Припадници на Министерството за внатрешни работи го активираа системот „Пронајди ме“ за итно јавно известување во случајот со исчезнувањето на дванаесетгодишната Анѓелија Димитријевиќ од Белград, која исчезна вчера во општина Чукарица во Белград.

Девојчето последен пат е видено околу 11:30 часот на улицата Ратко Митровиќ број 65, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Анѓелија Димитријевиќ е висока околу 170 сантиметри, има долга кафеава коса, кафени очи, а во моментот на исчезнувањето носела бела маица, црни шорцеви и бели патики „New Balance“.

Министерството за внатрешни работи ги повика граѓаните веднаш да се јават во полиција на 192 или 066/8895-297 доколку имаат какви било информации.

Информациите се објавени на веб-страницата http://pronadjime.mup.gov.rs/.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Потера во Словенија – застрела полицаец и побегна со полициски автомобил

Денеска е погребот на Ратко Младиќ

А1он

Белградска парада на гордоста: Голем дел од центарот на градот затворен, сообраќајот променет

(ВИДЕО) Телото на Ратко Младиќ пречекано со воени почести, на погребот се очекуваат десетици илјади граѓани

A1on

(ВИДЕО) Изгорени десет автомобили во Нов Белград, се истражува дали пожарот е подметнат

Горан Наумовски

Грабеж во Белград – од куќа украден сеф со злато и 400.000 евра

А1он