Министерството за транспорт соопшти дека е завршена електронската аукција во постапката за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, при што најниска понуда доставила компанијата IKARUS Electric Zrt, во заедничка понуда со EVN.
На јавниот повик понуди доставиле четири компании: Xiamen Golden Dragon Bus Co., Ltd., YES-EU Denmark A/S (Yutong), BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi и IKARUS Electric Zrt во конзорциум со EVN.
По евалуацијата на понудите, Комисијата за јавни набавки утврдила дека условите за учество на електронската аукција ги исполниле две компании, согласно член 59 од Законот за јавни набавки (јавното надавање) што се оддржaла денеска:
–BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi и
– IKARUS Electric Zrt во заедничка понуда со EVN.
Според резултатите од јавното наддавање, најповолна била понудата на IKARUS Electric Zrt и EVN, со вкупна вредност од 3.120.956.004 денари без ДДВ. Цената по електричен автобус изнесува 19.796.924 денари без ДДВ, додека цената по станица за полнење е 2.018.899 денари без ДДВ.
Комисијата предложила избор на најповолниот понудувач, по што следува рок од десет дена за евентуални жалби.
По потпишувањето на договорот, испораката ќе се реализира во три фази:
30 електрични автобуси и 15 станици за полнење во рок од шест месеци;
60 автобуси и 30 станици во рок од дванаесет месеци;
преостанатите 60 автобуси и 30 станици во рок од осумнаесет месеци од денот на склучувањето на договорот.
