Русија претставува егзистенцијална закана за Европа, изјави денес високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.
– Јасно гледаме дека Русија претставува егзистенцијална закана за нашите земји во Европа, изјави Калас на министерската конференција на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Манила, пренесува Спутник.
Таа истакна дека европските земји имаат намера да ги зголемат своите одбранбени капацитети.
