Двајца убиени, а шестмина се повредени во рускиот напад врз Киев

Од:

Две лица загинаа, а шест беа повредени во ноќен напад на руските трупи во Киев, вклучувајќи и едно 16-годишно момче, објави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

– Две лица загинаа во Киев како резултат на непријателски напад. Шест жители на главниот град беа повредени, вклучувајќи едно 16-годишно момче, напиша Кличко во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.

Според него, тројца од повредените лица се хоспитализирани.

Како што е наведено, руските трупи извршија напад со балистички ракети врз Киев, што предизвика пожари во две области.

Би можело да ве интересира

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Каспаров го откажа патувањето во Берлин по предупредувања за можен атентат: „Европа стана игралиште на Путин“

Кушнер: Путин е подготвен за мир под соодветни услови

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа

Русија ѝ се закани на Австрија