Телеграф: Хутите се подготвуваат да го блокираат Баб ел Мандеб, Иран сака ситуација како во Хормуз

Од:

Јеменските бунтовници Хути се подготвуваат да го затворат теснецот Баб ел-Мандеб, во координација со Иран, во обид да го зголемат притисокот врз глобалната економија и администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, објави денес британскиот весник „Телеграф“, повикувајќи се на извори.

Според весникот, планот вклучува воспоставување контрола врз двете страни од теснецот Баб ел-Мандеб, еден од најважните поморски премини во светот, при што Хутите наводно соработуваат со сомалиската милитантна група Ал-Шабаб.

Изворот изјави за „Телеграф“ дека Иран се обидува да воспостави контрола врз „другата страна на Црвеното Море“ и да создаде ситуација слична на онаа што тврди дека ја има во Ормутскиот теснец.

Би можело да ве интересира

Трамп: Иран сака договор со САД, одлуката е на Вашингтон

Иран: Нема да го почитуваме договорот со САД ако немаме корист од него

САД со остра порака до Иран: „Склучете договор или нема да ви остане ништо“

Иран ја ослободи Американката која беше држена во земјата од 2024 година

САД го бомбардираа градот Ахваз, ударните бранови сериозно ја оштетија Детската онколошка болница

Горан Наумовски

„Одете по ѓаволите“: Венс жестоко одговори на наводите за притисок врз Белата куќа