СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

Од:

Вчера судот го ослободи Никола Груевски во случајот „Талир 2“. Ова не е изненадување. Тоа е уште еден доказ дека правосудството во Македонија е под директна контрола на Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група ВМРО. Груевски не е ослободен затоа што е невин. Тој е ослободен затоа што Христијан Мицкоски го заштити својот ментор, велат од СДСМ.

– Сè што се случува во правосудството во последните две години покажува дека Мицкоски има целосна контрола врз обвинителството и судовите. Тој јавно дава задачи од собраниската говорница, преку медиуми и преку телефон.

Таканареченото „независно“ обвинителство постојано постапува според политичките налози од Белата палата. Кога Мицкоски сака некој да биде заштитен, тој е заштитен. Кога сака некој да биде гонет, тој е гонет. Вчерашната одлука за Груевски е уште една потврда за тоа. Никола Груевски со години е бегалец во Унгарија, под заштита на Виктор Орбан. Денес, благодарение на Христијан Мицкоски, тој добива и судска заштита во Македониј. Сè што Мицкоски правеше изминатиот период, од одбивање да ги испрати документите за екстрадиција, до јавните пораки и притисоци врз институциите, беше насочено кон заштита на својот политички татко и ментор. Прашањето е едноставно: Дали Мицкоски и за овој случај имаше „чувство“, а, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ