Левица иницира средба на опозициските партии за договор за Изборниот законик

Од:

Левица соопшти дека утре ќе одржи координативна средба со опозициските партии со цел усогласување на ставовите околу измените на Изборниот законик, со акцент на воведувањето на една изборна единица.

Од партијата оценуваат дека владејачкото мнозинство се повлекло од процесот на подготовка на Изборниот законик и ја префрлило одговорноста врз опозицијата. Според Левица, ВМРО-ДПМНЕ го оптоварила процесот со прашањето за гласањето на дијаспората, кое, како што тврдат, не било дел од мандатот на работната група, а потоа се дистанцирала од разговорите.

„Власта не може да биде предлагач на закон, да располага со парламентарно мнозинство, а истовремено да се однесува како обичен набљудувач на процесот“, наведуваат од Левица.

Партијата најавува дека на средбата ќе се направи обид да се усогласат ставовите на опозициските субјекти и да се формулира заеднички предлог кој ќе биде доставен до владејачкото мнозинство.

Од Левица повторуваат дека нивен приоритет е воведувањето на една изборна единица, за која сметаат дека ќе обезбеди еднаква вредност на секој глас, ќе ги намали изгубените гласови и ќе овозможи пореално претставување на волјата на граѓаните во Собранието.

Според партијата, целта на иницијативата е да се постигне заедничка позиција на опозицијата околу оваа изборна реформа, а не да се одржи уште една средба без конкретен исход.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски

Левица: „Стив Наумов“ веќе се распаѓа со водени ѕидови, расипано парно, пукнати цевки и мизерна храна

Левица: Мицкоски тврди дека економијата е „многу, многу постабилна“, а секое трето дете живее во сиромаштија

А1он