Трамп ја напушти Турција со стариот авион од безбедносни причини

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп го напушти самитот на НАТО во Анкара со стар „Ер Форс Уан“ наместо со нов „Боинг 747-8“ дониран од Катар поради безбедносни загрижености поврзани со обновениот конфликт со Иран, изјавија извори запознаени со плановите за „Њујорк тајмс“ (NYT), додавајќи дека замената на авионот ја препорачала американската тајна служба.

Одлуката да не се користи новиот авион од страна на американскиот претседател ги продлабочи прашањата за тоа дали сите потребни безбедносни системи се инсталирани во авионот, кој Трамп сакаше да го стави во употреба што е можно поскоро, објави весникот „Њујорк“.

Некои членови на американскиот Конгрес и американски претставници претходно изразија загриженост за тоа дали забрзаниот рок за адаптирање на авионот дозволува инсталирање на напреден систем за ракетна одбрана и други заштитни технологии што се користат за безбедноста на претседателот.

Директорот за комуникации на Белата куќа, Стивен Ченг, рече дека новиот катарски „Ер Форс Уан“ е „најсовремен авион опремен со безбедносни протоколи на високо ниво за да се обезбеди заштита на претседателот и неговиот персонал“.

Би можело да ве интересира

Поддршката за Трамп падна на најниско ниво

ВИДЕО: Тоа што го прави Русија во Украина е во ред, вели Трамп

Трамп нуди поволности за Москва во мировниот договор за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп веќе отворено ја брани Русија, Зеленски вели загубил територија и океани

Трамп сака свој океан, но „Гугл“ го одби барањето

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски