Нови украински напади во Русија, погодени танкери и нафтен резервоар

Од:

Украински беспилотни летала нападнаа два танкери во Таганрошкиот залив во рускиот Ростовски регион, како и резервоар за складирање нафта во рускиот Тверски регион, соопштија локалните власти.

Гувернерот на Ростовскиот регион, Јуриј Сљусар, изјави дека два танкери биле оштетени во украинскиот напад, но немало повредени, објави ТАС.

Вршителот на должноста гувернер на Тверската област, Виталиј Королев, на платформата „Макс“ објави дека резервоар за нафта се запалил во областа по нападот со украински дрон и дека нема повредени.

Королев рече дека пожарникарите од Министерството за вонредни ситуации го локализирале пожарот.

Би можело да ве интересира

Дигитален ѕид на НАТО се појави по должината на руската граница

Захарова: НАТО продолжува со милитаризацијата на Европа и подготовките за конфликт со Русија

Путин: Нема мир – започнува нова офанзива

Ракетни напади врз Киев и Одеса

ФИФА размислува за враќање на руските репрезентации по тригодишна суспензија

Украина бара од Западот да ja сподели ракетна технологија