Голем пожар во Атина, повредни се 11 лица

Од:

Во голем пожар што избувна во комерцијална зграда во Аспропиргос во близина на Атина повредени се 11 лица, од кои тројца се тешко повредени и интубирани, соопштија денес грчките власти.

Според противпожарната служба, пожарот избувнал во фабрика за резервни делови, објавува Прототема.

Шест лица се однесени во болницата Триазио, од кои тројца се интубирани и се во тешка состојба, тројца се во лесна состојба и може да бидат отпуштени во текот на денот, а едно лице веќе ја напуштило болницата.

Останатите пет лица се однесени во болница во Атика, од кои едно е интубирано во тешка состојба и се очекува да биде префрлено на Одделот за изгореници, а четири лица дошле во болницата сами со респираторни проблеми.

Пожарот, според извештаите, избувнал под непознати околности во фабрика за резервни делови, а во неговото гаснење се вклучени 75 пожарникари, 20 возила и хеликоптери, а граѓаните се предупредени да не се приближуваат до областа поради токсични супстанции.

Сообраќајот на околните улици и патишта е исто така прекинат.

Според Противпожарната служба, според информациите, камион со резервоар за пропан се наоѓа во просториите на компанијата, што предизвикува загриженост.

Според извештаите на грчките медиуми, објектот е речиси целосно уништен, а густ црн чад се прошири на пошироката област, објавува „Катимерини“.

Противпожарната служба соопшти дека пожарот има силно термичко оптоварување и дека екипите вложуваат големи напори за да го стават под контрола.

Тимот за истрага на пожарите во Западна Атика е испратен на местото на настанот за да утврди како избувнал пожарот.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Активни се три пожари, четири се под контрола

Горан Наумовски

Јанчев: Да се истражи кој стои зад пожарот во депонијата „Мелци“

Трагедија го потресе Исламабад: Бебиња загинаа во пожар во болница

Горан Наумовски

ЦУК: Осум пожари се активни, еден е под контрола

Пожарот меѓу селата Горно Чичино и Долно Чичино се прошири и е надвор од контрола

(ВИДЕО) Ставен е под контрола пожарот на Жеден