ВЛЕН: Со реформи и силно партнерство, Македонија напредува кон ЕУ

Од:

Заедничката седница на Владата на Република Северна Македонија со еврокомесарката за проширување, Марта Кос, уште еднаш потврди дека европската интеграција останува стратешки приоритет на државата и дека реформите се спроведуваат во тесно партнерство со Европската Унија, нагласуваат од ВЛЕН.

– Учеството на Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, на оваа средба е потврда за посветеноста на ВЛЕН европската агенда да остане во фокусот на институционалното дејствување и да се забрзаат реформските процеси што ја приближуваат државата до Европската Унија.

ВЛЕН е уверена дека процесот на европска интеграција бара континуирана посветеност, одговорно одлучување и спроведување реформи кои носат конкретни придобивки за граѓаните. Затоа, спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст останува еден од нашите главни приоритети, со цел придобивките од овој процес да ги почувствува секој граѓанин преку поефикасни институции, поразвиена економија и подобар животен стандард.

Соработката со Европската комисија ќе продолжи да се зајакнува, а институциите ќе работат одговорно на спроведување на потребните реформи и максимално искористување на можностите што ги нуди Планот за раст.

ВЛЕН ќе продолжи да биде движечка сила на процесот на европска интеграција, покажувајќи дека со работа, одговорност и јасна визија, Македонија сигурно чекори кон полноправно членство во Европската Унија, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Хита: Полицијата пронашла законски пречки за едно лице на „Ќафасан”, другите три што го придружувале сами одлучиле да не го продолжат патувањето

ВЛЕН: Албанија да објасни зошто тројца наши функционери беа задржани на Ќафасан

Катерина Ѓуровски

Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата

ВРЕДИ: Пораката од Стразбур е јасна – Македонија припаѓа во ЕУ

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси

ВЛЕН: Валдет Џафери да објасни зошто правосудниот испит остана блокиран