Австралискиот боксер Демијан Хупер предизвика инцидент на Олимписките игри во Лондон, затоа што носеше маичка на која се наоѓа абориџинското знаме, а не дрзавното знаме на Австралија, како што го носат сите олимпијци од оваа земја.
Водството на австралискиот олимписки тим го укори својот спортист и побара од него јавно да се извини за инцидентот. Неговиот другар од олимпискиот тим, боксерот Ентони Мандине од тамошната абориџинска заедница, изјави деке не смета оти станува збор за инцидент, како и дека се согласува со истакнувањето на абориџинското знаме.
– Ние сакаме да бидеме горди со знамето што се вее на оваа Олимпијада, а сегашното државно знаме не е тоа, затоа што потсетува на мрачното минато, рече Мандине.
Тој уште смета дека автстралиските спортисти не би требало да го почитуваат официјалното знаме се додека на него се наодја „Унион Џек“.
„Унион Џек“ е популарното име на знамето на Велика Британија, кое се наоѓа во горниот лев агол на австралиското знаме, затоа што Австралија е се уште, официјално, земја-доминион на која британската кралица Елизабета и е формален суверен.
Со таков статус се и Нов Зеланд и Канада, како и уште десетина други земји во светот, поранешни британски колонии, но само знамињата на Австралија, Нов Зеланд и уште некои пацифички и атлантски островски држави и прекуморски територии го имаат вметнато британското на своето државно знаме.
Во Австралија постои силно републиканско движење кое се залага за „целосен и вистински суверенитет“ на земјата, но се уште нема мнозинство за победа на евентуален референдум. Абориџинските активисти инсистираат дека сегашното знаме на Австралија ги потсетува на времето на угнетувањето.