Мицкоски: Реформите ги спроведуваме заради граѓаните, а не поради притисок од Брисел

Од:

Изминатите две години Владата покажа дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа што се мери преку резултати, економски показатели и создавање подобри услови за живеење на граѓаните. Нашата цел е изградба на функционални институции, посилно владеење на правото, поефикасна администрација, конкурента економија. Тоа не го правиме зашто некој го бара од нас, туку зашто веруваме дека е единствениот исправен пат. Во тој процес ја цениме поддршката од ЕУ. Истовремено, очекуваме европската интергација да остане процес што се темели на јасни критериуми, на вредности и на исполнување на реформските обврски, а не процес оптоварен со билатерални прашања, кои создаваат неизвесност и фрустрација кај македонските граѓани – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на заедничка прес-конференција со комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос.

Како што напомена Мицкоски, важно е да постои доверба дека процесот ќе продолжи според истите правила што важат за сите други кандидати и држави што биле кандидати.

-Нашата определба останува непромента – ќе продолжиме со реформите, ќе ги зајакнуваме економијата, институциите и владеењето на правото. Остануваме доследни и на ставот дека секое трајно решение треба да биде засновано на заемно почитување, заштита на националното достоинство и јасна предвидлива европска перспектива, подвлече прермиерот.

Тој оцени дека денешната посета на Кос е можност за отворен, искрен и суштински разговор за македонската европска перспектива, за реформите што земјава ги спроведува и за потребата, како што нагласи, проширувањето да остане доследно на принципите на ЕУ – доверба, предвидливост, еднаков третман и почитување на достоинството на секоја држава кандидат.

Би можело да ве интересира

Левица: Инспекторите откриле профитерство, Мицкоски се одлучи за кафе во четири очи наместо казни

Мицкоски: Оваа Влада гради и реализира, наместо да ветува

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги добива здравство и социјална политика, демографија и млади, Вреди – култура, односи меѓу заедниците и правда, ЗНАМ – земјоделство

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски