Украина бара од Западот да ja сподели ракетна технологија

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од земјите од Европската Унија и НАТО да ѝ обезбедат на Украина технологија и индустриски капацитет потребни за производство на пресретнувачки ракети и други системи за воздушна одбрана.

Зеленски го упати барањето по уште еден голем руски напад со ракети и беспилотни летала врз Киев.

Според „Фајненшл тајмс“, украинскиот претседател рече дека европските земји мора побрзо да развијат свои системи за воздушна одбрана и да ја споделат достапната технологија со партнерите.

„Европа мора да престане да биде невнимателна во однос на развојот на системи за воздушна одбрана. Мора да ја споделува технологијата и индустрискиот капацитет со други земји, бидејќи никогаш нема да има доволно системи „Патриот“ за сите“, рече Зеленски.

Тој најави дека за време на самитот во Анкара ќе побара од европските сојузници дополнителни системи за воздушна одбрана, пресретнувачки ракети и долгорочни договори за заедничко производство на оружје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Русија повторно го нападна Киев: Погодена е деветкатница, има повредени

Крвав напад во Суми: Загинаа момче и девојка, над 20 лица се повредени

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

Претстои нова рунда преговори за завршувањето на војната во Украина, потврди Москва

A1on

Рубио: САД нема да дозволат непријателски бази на 145 километри од нивниот брег

Киев ќе купи ракети „Патриот“ за 3,2 милијарди евра