Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, им рече на членовите на алијансата дека американскиот претседател Доналд Трамп бил во право што извршил притисок врз земјите-членки да ги зголемат трошоците за одбрана, да ги модернизираат своите војски и да започнат војна со Иран.
– Претседателот на САД беше во право. Едноставно ми се допаѓа човекот. Мислам дека она што го прави за НАТО е одлична вест, рече Руте во интервју за бриселско „Политико“.
Според него, Трамп во основа го постигнува она што американските претседатели се обидуваат да го постигнат уште од времето на Ајзенхауер, а тоа е да ги изедначи воените трошоци меѓу САД и Европа.
