Потврдена пресудата за Марин Ле Пен

Од:

Лидерката на француската партија Национален собир, Марин Ле Пен, денес беше осудена на затворска казна и забрана за вршење јавна функција откако судот ја прогласи за виновна за злоупотреба на средствата на Европскиот парламент.

Според пресудата, таа е осудена на три години затвор, од кои две условни, парична казна од 100.000 евра и забрана за учество во јавниот живот во траење од 45 месеци, од кои 30 условни, објавија француските медиуми.

Ова е еден од најзначајните судски случаи во поновата француска политичка историја, чиј исход би можел да има далекусежни последици за политичката сцена пред претседателските избори во 2027 година.

Доколку пресудата остане на сила, на Ле Пен би можела да ѝ биде спречено да се кандидира за претседател на Франција, што значително би го променило политичкиот баланс на моќ во земјата.

Судскиот случај се водеше поради обвинувања дека средствата на Европскиот парламент наменети за парламентарните асистенти биле користени за финансирање на активностите на партијата Национален собир. Обвинителството тврдеше дека соработниците биле платени од европскиот буџет, додека во пракса тие извршувале работа за партијата во Франција.

Би можело да ве интересира

Ле Пен: Крајната левица сака да го наруши демократскиот систем

Анкета: Најблискиот соработник на Ле Пен би победил на претседателските избори

Марин Ле Пен: Не се откажувам од претседателските избори во 2027 година

Ле Пен: Со ирационална борба против институциите, Макрон ја доведува земјата во комплицирана ситуација

А1он

Марин Ле Пен ја критикува затворската казна за Саркози

Марин Ле Пен бара оставка од директорот на францускиот јавен радиодифузен сервис