23-годишна Македонка пронајдена мртва во стан во Солун

Од:

Дваесет и тригодишна девојка од Македонија е пронајдена мртва во стан во областа Неаполи во Солун, објавија грчките медиуми.

Според информациите, нејзините родители подолго време не успеале да стапат во контакт со неа, по што близок роднина отишол до станот во кој престојувала. Таму ја пронашол без знаци на живот, по што веднаш биле известени полицијата и итната медицинска помош.

Според грчките медиуми, при првичниот преглед на телото не биле констатирани траги што би укажувале на насилна смрт или на извршено кривично дело.

Надлежните органи спроведуваат истрага, а ќе биде извршена и обдукција за да се утврдат точната причина за смртта и сите околности поврзани со случајот.

Би можело да ве интересира

Хаос во Солун: Полицијата уапси 313 лица во рација на универзитетски кампус

(ВИДЕО) Се урна таванот во „Космос“ во Солун, тешко повредена е жена

Горан Наумовски

Србин загина во тешка сообраќајка во близина на Солун: Пожарникарите го извлекоа од смачканото возило

Силна експлозија пред станбена зграда во Солун, најмалку двајца се повредени

(ВИДЕО) Избувнаа пожари во близина на Солун

Судот во Солун одобри екстрадиција на македонски државјанин кој убил пензионер во Германија

Горан Наумовски