Белгијците како никој досега ја обвинија ФИФА и Американците: „Се обидовте сè да сокриете на официјалниот состанок“

Од:

Во пресрет на претстојниот и исклучително важен натпревар од осминафиналето на Светското првенство помеѓу Белгија и Соединетите Американски Држави, Кралскиот белгиски фудбалски сојуз (RBFA) се огласи со остро официјално соопштение во кое директно ја обвини светската фудбалска организација (ФИФА) за нетранспарентност, игнорирање на правилата и фаворизирање на противникот.

Во центарот на скандалот е американскиот напаѓач Фоларин Балогун, на кого FIFA, под прилично мистериозни околности, му ја укинала автоматската суспензија за претстојниот натпревар, откако доби црвен картон против Босна и Херцеговина.

Како што се наведува во соопштението, Белгијците за одлуката за укинување на суспензијата на Балогун дознале исклучиво преку медиумските извештаи, по што официјално побарале објаснување и увид во документацијата. Одговорот на FIFA ги шокирал.

„Како единствен одговор, FIFA испрати писмо до RBFA во кое наведува дека оваа преписка ја смета за жалба, дека судија веќе е назначен и дека RBFA има само неколку часа да ја заврши жалбената постапка. Притоа, FIFA не достави апсолутно никакви информации ниту документација“, се наведува во соопштението на Белгијците.

Белгискиот сојуз тврди дека FIFA отишла чекор понатаму и намерно се обидела да го сокрие проблемот на официјалниот состанок пред натпреварот.

Според нивните тврдења, FIFA намерно ја отстранила точката што се однесува на автоматските суспензии на играчите од координацискиот состанок, иако таа тема била задолжителен дел од состаноците пред секој од претходните четири натпревари на турнирот.

Исто така, на усните и писмените прашања на Белгијците за причините за оваа промена, претставниците на FIFA целосно одбиле да одговорат.

Со оглед на тоа што RBFA до овој момент не добил никаква официјална одлука ниту правно образложение од светската фудбалска организација, решил да преземе радикални чекори.

„Немаме друга алтернатива освен да го оспориме правото на настап на овој играч (Балогун) на претстојниот натпревар. Без оглед на спортскиот исход на овој натпревар, RBFA е длабоко разочаран од развојот на настаните и ќе продолжи да се бори во наредните часови, денови и месеци во одбрана на фундаменталните принципи на етиката, фер-плејот и интересите на фудбалот како целина.“

Овој потег на Белгијците дополнително ги зголеми тензиите пред натпреварот, а останува да се види како FIFA ќе реагира на овие сериозни обвинувања и дали Балогун на крајот ќе истрча на теренот.

Би можело да ве интересира

Трамп вмешан во скандалот на Светското првенство: Јас се јавив во ФИФА

Предраг Петровиќ

Англија го победи Мексико по драмата и се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство

Халанд го елиминира Бразил

Горан Наумовски

ВИДЕО: Мбапе со гол од пенал ја однесе Франција во 1/4 финалето

Мароко е првиот четвртфиналист на Светското првенство 2026

А1он

Голманот на Зеленортските Острови: Разочарани сме, но и горди!

А1он