Трамп повторно ја нападна Џорџа Мелони на социјалните мрежи

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ja нападна Џорџа Мелони на социјалните мрежи објавувајќи нејзина фотографија со коментар дека „потребна е забрана“.

За време на состанокот на Г7 во француската бања Евиан во јуни, Трамп и Мелони беа фотографирани како разговараат, но Трамп подоцна во интервју за ТВ Ла 7 изјави дека Мелони го замолила да се сликаат.

– Ме замоли да се сликам со неа, ми беше жал. Веројатно беше среќна затоа што разговарав со неа – рече Трамп, предизвикувајќи многу негативни коментари од Мелони и други италијански функционери, објави Би-Би-Си.

Потоа, и Мелони се огласи и му рече на Трамп дека неговите постојани, неиспровоцирани напади се бесмислени, додавајќи дека нејзината популарност во Италија сигурно не е потпомогната од пријателството со него.

Лидерот на организацијата „Акциона“, Карло Календа, беше првиот што се огласи за најновиот напад на Трамп врз Мелони. Тој остро го критикуваше американскиот претседател на социјалните мрежи, нарекувајќи го насилник.

„Трамп е подмолен, ситен насилник. Целосна солидарност со Мелони“, рече Календа во својот пост, објави агенцијата АНСА.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Трамп сакаше шефот на УФЦ да биде портпарол на Белата куќа, го одби

ВИДЕО: Новиот шеф на Белата куќа е креатор на најконтроверзните политики

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем

ВИДЕО: Нов обид за атентат врз Трамп

Трамп ја прогласува Овалната соба во Белата куќа за национален споменик