ВИДЕО: Голем пожар во Кисела Вода, чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Од:

Голем пожар избувна попладнево во објект на Јужен булевар во скопската населба Кисела Вода. Густ црн чад се издига над местото на пожарот и е видлив од повеќе делови на Скопје.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека се запалил магацин или друг објект, а од внатрешноста се слушале и пукотници.

„Се запали магацин или друг простор на Јужен булевар, Кисела Вода, Скопје. Од запалениот објект се слушаа пукотници, најверојатно од електрична енергија“, објави Ангелов.

На терен интервенираат екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои работат на локализирање и гаснење на пожарот.

Засега нема информации за повредени лица, ниту за причините за избувнувањето на пожарот. Повеќе детали се очекуваат по интервенцијата на надлежните служби.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ

Се чека пристапен терен за интервенција на пожарот во Дојран

Осум пожари на отворено, три сè уште активни