Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

Од:

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов информираше дека попладнево избувна нов пожар на територијата на Општина Штип, меѓу населбите Баби и Дузлак, над филтер-станицата, при што е зафатена борова шума.

Според Ангелов, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Штип интервенира со целосниот расположлив капацитет во обид да се стави пожарот под контрола.

-Пред малку изби тежок пожар на територијата на Општина Штип помеѓу населбите Баби и Дузлак над филтер станицата. Со оган е зафатена борова шума – соопшти Ангелов.

„Воедно, во секој момент ќе полетаат два ‘ер трактори’ на ДЗС“, порача тој.

Тој додаде дека во гаснењето ќе се вклучат и неколку доброволни противпожарни друштва кои ќе им пружат поддршка на штипските пожарникари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ставен е под контрола пожарот на Жеден

ЦУК: Активни се седум пожари, два се под контрола

Михаилов: Ова што ни се случува на планината Китка е тероризам

Локализиран e пожарот кај селото Гујновци во Пробиштип

Директорот на ЦУК објави „спасено теле“ од Палиград, а фотографијата е стара шест години

(ВИДЕО) Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден

Горан Наумовски