Ѓоковиќ се пласираше во осминафинале на Вимблдон

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Французинот Артур Риндеркнеш во третото коло на Вимблдон со 7:5, 6:4, 1:6 и 7:6.

Најдобриот тенисер на сите времиња во осминафиналето ќе се сретне со Русинот, Роман Сафиулин, кој во третото коло беше подобар од Жоао Фонсека.

Првиот брејк во воведниот сет беше дело на Ѓоковиќ, кој при резултат 2:2 имаше три брејк-топки; ја искористи првата и го освои гемот на сервис на противникот. Сепак, Риндеркнеш возврати со брејк во следниот гем и го израмни резултатот.

На следниот брејк се чекаше до 11-тиот гем, кога Новак со одлични ритерни го принуди Французинот на грешка. Српскиот тенисер поведе со 6:5, а во следниот гем го заврши сетот во своја корист.

Ѓоковиќ не чекаше долго за брејк во вториот сет; концентрацијата на Риндеркнеш опадна, а Новак поведе со 3:1. До крајот на сетот немаше повеќе брејкови, па најдобриот тенисер на сите времиња поведе со 2:0 во сетови.

Во третиот сет следуваше изненадување.

Уште на почетокот на сетот, Риндеркнеш направи брејк, го потврди и поведе со 3:0 во гемови.

Во следниот гем, францускиот тенисер стигна до нов брејк и стана јасно дека Ѓоковиќ нема шанси во тој сет. Новак беше блиску до тоа да претрпи убедлив пораз во сетот; успеа да освои еден гем, но не можеше повеќе од тоа, па Риндеркнеш сосема убедливо го освои третиот сет.

Во третиот сет се водеше голема борба, без можности за брејк, па следуваше тај-брејк.

И во тај-брејкот беше многу тешко и немаше многу простор за грешка; при резултат 5:4, Новак го направи првиот мини-брејк, а во следниот поен стигна и до вториот, со што триумфираше со 3:1 во сетови.

Би можело да ве интересира

Новак Ѓоковиќ е елиминиран од Мастерсот во Париз

Ѓоковиќ: Јас сум патриот, но секогаш го претставував народот – не владата

А1он

Ѓоковиќ собори рекорд на Федерер

А1он

Ѓоковиќ против Ембер во првото коло на турнирот во Базел

A1on

Ѓоковиќ e елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД

Ѓоковиќ: Сè уште се надевам дека ќе можам да стигнам до следните Олимписки игри

А1он