Рибар од Дунав извлече сом долг 2,5 метри и тежок над 90 килограми

Од:

Дунав повторно покажа дека крие вистински речни џинови.

Страствениот риболовец Милан Паниќ од Долни Милановац се пофали со улов што ги воодушеви љубителите на риболовот низ целиот регион – сом долг 246 сантиметри и тежок 91 килограм.

Ова е негов личен рекорд, но и еден од најголемите сомови уловени во овој дел на Дунав во последните години. Фотографиите и видеата од огромната риба набрзо станаа вирални на социјалните мрежи.

Покрај објавените фотографии, Паниќ не ја криеше својата радост поради постигнатиот успех.

„Ова навистина веќе нема смисла. Рекордите постојат за да се рушат, а овојпат мојот нов рекорд изнесува 246 см и 91 кг“, напиша тој во шеговит тон.

Извлекувањето на сом тежок речиси 100 килограми воопшто не беше лесно. Како што раскажа тој, во борбата со речниот џин му помогнал пријателот Мишко од Ниш, кој и самиот ја почувствувал силата на една од најголемите риби што го населуваат Дунав.

„Мојот пријател и брат Мишко од Ниш имаше можност да ја почувствува силата и уживањето во борбата со оваа риба, а нашата среќа беше неизмерна. Се разбира, славевме до зори“, рече Паниќ.

Објавените фотографии предизвикаа голем интерес на социјалните мрежи. Многу корисници беа восхитени од големината на уловениот сом, чија глава едвај собира во кадарот, додека метарската лента поставена покрај телото ја потврдува импресивната должина од речиси два и пол метра.

Ваквите улови се реткост дури и на Дунав, една од најголемите европски реки, поради што рекордот на Паниќ го привлече вниманието на риболовците и љубителите на природата од целиот регион.

Би можело да ве интересира

Стружанец се самоповреди со харпун додека ловеше риби во Охридското Езеро

А1он

Двајца струмичани отидоа на риболов во Грција и исчезнаа

(ВИДЕО) Бранови од три метри превртеа брод во Дунав – четворица загинати

А1он

Мајка и татко загинаа спасувајќи го деветмесечното бебе од водите на Дунав

А1он

Рибарот од Пробиштип кој беше пријавен за исчезнат е пронајден починат

Рибар од Миравци се удави во Вардар

Жарко Настоски