Во Дунав уловен сом тежок 84.5 килограми

Од:

Бојан Олас од српскиот град Панчево вчера на Дунав улови сом тежок 84,5 килограми и долг 2,20 метри!

Бојан има 40 години и е страстен риболовец кој го сака Дунав уште од детството, а ова е најголемиот улов во неговата досегашна риболовна кариера – пишува на Фејсбук страната „Здраво Панчево“..

– Сомот го уловив со техниката „бучка“, а како мамка користев дурбак (посебен вид црви кои достигнуваат должина и до 20 сантиметри) и дождовна глиста. Борбата траеше околу 40 минути – изјави Бојан.

Откако беше фотографиран, овој капитален примерок од сом беше вратен во Дунав.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Бунарите пресушуваат, Дунав на историски минимум

ВИДЕО: Европските реки пресушуваат, Дунав и Рајна на историски ниски нивоа, загрозени транспортот и производството на струја

ВИДЕО: Аларм во Србија, Унгарија најави исклучување на нуклеарка поради екстремно ниското ниво на Дунав

Аларм во Европа: Водостојот на Дунав и Рајна падна на рекордно ниско ниво

ВИДЕО: Брод со 238 луѓе се насука на Дунав поради многу ниско ниво на водата

Едно лице загина, а две лица се повредени во експлозија во Панчево