Завршена првата рунда од разговорите меѓу Иран и САД во Швајцарија: Џеј-Ди Венс открива детали од разговорите

Од:

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, изјави дека е постигнат „значаен напредок“ во разговорите за Блискиот Исток, вклучително и за ситуацијата во Либан, како и во разговорите меѓу САД и Иран.

Зборувајќи во Биргеншток, швајцарско планинско одморалиште каде што се водат разговори за поширок договор за Блискиот Исток, Венс рече дека САД се во „историски момент“ и дека разговорите, со посредство на претставници на Пакистан и Катар, имаат за цел „трансформација на Блискиот Исток“ и трајно подобрување на односите со Иран.

„Претседателот Доналд Трамп ни нареди да свртиме нова страница и да го промениме нашиот однос со народот на Иран“, рече Венс, објави Си-Би-Ес.

Венс рече дека целта на американската администрација е да ја користи дипломатијата за да обезбеди стабилност во регионот и да работи заедно за „мир и просперитет“.

Американските и иранските преговарачи одржаа трилатерален состанок со катарските медијатори како дел од разговорите во Швајцарија, изјавија за Ројтерс официјални лица запознаени со ситуацијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Прогласена e вонредна состојба во Лос Анџелес по пожар во магацин

Завршена првата рунда разговори Иран-САД

Пезешкијан: Нема да се откажеме од правото да збогатуваме ураниум

Ванс: Голем напредок во преговорите за Иран и Либан во Швајцарија

Либан е главна тема на преговорите на Иран со САД

Горан Наумовски

Иран: Ормутскиот теснец ќе остане затворен додека не се исполнат условите