Петмина мажи се повредени во серија насилни напади за кои се сомнева дека се мотивирани од исламофобија, додека еден маж е уапсен, соопшти британската полиција, додавајќи дека ги истражуваат инцидентите, со порака дека нема закана за јавноста.
Полицијата соопшти дека полицајците биле повикани во областа Сајтхил каде што двајца мажи биле повредени и однесени во болница.
Шкотското здружение на џамии соопшти дека двајца верници биле нападнати во парк откако излегле од џамија во областа Бромхаус, според Гардијан. Нападите подоцна биле пријавени во полицијата, a според полицијата, уште тројца мажи биле повредени во областите Телфорд Роуд и Лит Вок.
Полицијата соопшти дека пет мажи, на возраст од 22, 22, 24, 27 и 39 години, претрпеле повреди од различен степен, од кои тројца се хоспитализирани, но ниту една од нивните повреди не е опасна по живот.
Британскиот премиер Кир Стармер ги опиша инцидентите на X News како „апсолутно ужасни“ и рече дека „никој не треба да биде подложен на насилство на улиците“. Тој додаде дека, според достапните информации, осомничениот изгледа бил мотивиран од антиисламска омраза и рече дека ќе се соочи со силата на законот.
Шкотскиот прв министер Џон Свини рече дека е „длабоко загрижен“ од инцидентот и рече дека „нема место за насилство, расизам или нетолеранција во општеството“.
Шкотската полиција соопшти дека полицајците реагирале на серија инциденти со голема брзина и дека е во тек целосна истрага во соработка со единиците за борба против тероризмот и Службата за обвинителство на круната.
