Пожарникар е повреден при гаснење пожар во Визбегово

Од:

При интервенција на пожар во селото Визбегово, Општина Бутел, каде гореше дива депонија и сува трева, дојде до ненадејна експлозија, при што е повреден еден пожарникар.

Од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје информираат дека пожарникарот се здобил со повреди на ногата и увото и е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Неговата состојба е стабилна и тој е вон животна опасност.

Причината за експлозијата сè уште не е утврдена. Според првичните претпоставки, можно е да станува збор за експлозија на боца под притисок.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелов: Изгаснат пожарот кај Лопатица, останува високиот ризик од нови огнени стихии

ЦУК: Пет активни пожари, два се под контрола

Горан Наумовски

Пожар во атарот на кумановското село Никуштак

Осум пожари се активни во земјава, 13 се изгаснати

(ВИДЕО) Ангелов: Да се исчистат од вегетација напуштените објекти, превенцијата од пожари помага многу

(ВИДЕО) Ангелов: Сѐ уште e активен пожарот кај прилепското село Чаниште