СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација

Од:

Навршуваат две години од владеењето на Христијан Мицкоски и организирана криминална група ВМРО. Она што граѓаните го добија не е подобар живот, туку економски колапс, политичка изолација и континуирано лажење. Економијата е во длабока криза, по две години власт, буџетот е практично пред колапс. До јуни е потрошен скоро целиот планиран дефицит за целата 2026 година, од 670 милиони евра. Ребалансот е неизбежен и ќе биде многу тежок, тврдат од СДСМ.

– Капиталните инвестиции покажуваат бројки на хартија, но во реалноста се работи за проекти од времето на СДСМ, а не за нови проекти. Нема соодветен раст и базиран е исклучиво на лична потрошувачка, а не на производство и извоз, модел кој е неодржлив и директно ја зголемува инфлацијата. Мицкоски ветуваше подобрување на животниот стандард, повисоки плати и подобар живот.

Наместо тоа, граѓаните добија „маратон во сиромаштија“. Владата отворено кажува дека нема пари за поголема минималната плата, за повисоки плати, за пензии и за поддршка на земјоделците и младите, но во исто време има пари за луксуз и за нови задолжувања. За две години, странските инвестиции паднаа за 60 отсто, а јавниот долг е зголемен за над 2,5 милијарди евра. Економијата стагнира, а граѓаните се посиромашни.

Истовремено, Македонија е во најдлабока политичка изолација во последните 20 години. Мицкоски го користи идентитетот како алиби за блокада на европскиот пат, без да понуди ниту план, ниту стратегија. Наместо реформи и напредок, граѓаните добиваат празни фрази и националистички спинови. Две години на ВМРО-ОКГ се две години на економски неуспех, лажни ветувања и политичка изолација. Наместо подобар живот, граѓаните добија сиромаштија, несигурност и изгубена европска перспектива. Владата на Мицкоски не решава проблеми, таа ги создава и ги продлабочува а граѓаните се тие кои ја плаќаат највисока цена, која, како што вели Мицкоски, ќе трае со децении ако тие останат на власт, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба својата прва батериска постројка за складирање електрична енергија во Солун

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

Коридор 8 и критичните минерали отвораат стратешка можност за Македонија

Димитриеска-Кочоска: Со јавните финансии управуваме одговорно – Ребалансот е навремена реакција на новите економски услови

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он