МВР информира дека синоќа во 22:25 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ – Охрид е пријавено дека И.М.(31) од Струга, при риболов со харпун во водите на Охридското Езеро во близина на автокамп на охридското крајбрежје, сам се повредил.
По преземени мерки, полициските службеници го пронашле повредениот, по што со возило на Итна медицинска помош е пренесен и задржан во Општата болница во Струга.
По наредба на јавен обвинител, харпунот и целокупната риболовна опрема се одземени за понатамошна постапка и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
