Шефот на Хезболах: Преговорите меѓу Либан и Израел мора да постигнат меѓусебна безбедност

Од:

Генералниот секретар на либанското милитантно движење Хезболах, Наим Касем, денес изјави дека преговорите меѓу Либан и Израел мора да постигнат состојба на „реципрочна безбедност“.

Во телевизиско обраќање, Касем рече дека Хезболах ги отфрла таканаречените пилотски зони договорени во разговорите меѓу Либан и Израел со посредство на САД, објави Ројтерс.

Меморандумот за разбирање меѓу Соединетите Американски Држави и Иран ги повикува двете земји и сите нивни сојузници да прогласат итен и траен прекин на непријателствата на сите фронтови, вклучително и Либан.

Хезболах вчера објави дека добил гаранции од Иран дека Техеран во следната фаза од преговорите со Соединетите Американски Држави

ќе побара повлекување на израелските сили од Либан, велејќи дека конечен договор за нуклеарната програма на Иран нема да се постигне без тој чекор.

Би можело да ве интересира

Хезболах ги продолжува нападите врз северен Израел по нападот во Бејрут

Нетанјаху: Израел не е во војна со Либанците, ние се бориме против Хезболах и Иран

Хезболах го отфрли предлогот за прекин на огнот со Израел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел и Либан договорија примирје

Трамп се надева дека примирјето меѓу Изрел и Хезболах ќе биде „засекогаш“

Катерина Ѓуровски

Нетанјаху: Израелската армија доби наредба да ги засили нападите врз Хезболах