Пријава за починато лице на место викано „Пољана“ во кривопаланечкото село Огут од јавната здравствена установа во Крива Паланка била евидентирана вчера во 13 часот во полиција.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека по преземени мерки било констатирано дека се работи за С.Ј., 52-годишник од Крива Паланка, вработен во „ЕВН“, кој почина додека извршуваше работни задачи.
– Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР – Крива Паланка – информираа од МВР.
