Златен накит вреден 1,1 милиони денари е запленет на „Богородица“

Од:

Царински службеници запленија златен накит вреден 1,1 милиони денари на граничниот премин „Богородица“. Двајца косовски државјани се обиделе да го криумчарат. Златниот накит – четири златни ланчиња со вкупна тежина од 190,6 грама, осомничените го купиле во Турција, а потоа, со намера да го криумчарат, го ставиле на себе и го прикриле со облеката, соопштија денеска од Царинската управа.

Како што информираа оттаму, случајот бил предаден на Одделението за истраги, кое против сторителите поднело кривична пријава до ОЈО – Гевгелија.

– Ова е 11 заплена на злато годинава од страна на Царинската управа, при што досега се одземени вкупно два килограми златен накит. Четири од случаите се откриени токму на „Богородица“, пет на Меѓународен аеродром – Скопје, а по еден случај на „Табановце“ и „Блаце“. Во девет случаи, десет лица се кривично гонети од страна на Одделението за истраги за сторено кривично дело – криумчарење, казниво согласно Кривичниот законик – појаснија од Царинската управа.

Оттаму нагласија дека ќе се погрижат криминалот најстрого да биде казнет.

– Нашата порака е јасна – без разлика на начинот на кој се криумчари, нашите служби ќе го разоткријат и ќе се погрижат криминалот да биде најстрого казнет. Ваквите случаи јасно ја покажуваат цврстата посветеност на Царинската управа за сузбивање на сите форми криминал, заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот – потенцираа од Царинската управа.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Чекање од околу еден час на Богородица и на Табановце

Гужва на „Табановце“, „Пелинце“ и „Богородица“, се чека и по повеќе од еден час

Горан Наумовски

На „Табановце“ за влез во државата се чека 30 минути, а на „Богородица“ за излез околу еден час

ВИДЕО: Не се намалуваат гужвите на границите, најдолго се чека на Табановце-Прешево

Неуспешен обид за изнесување 64.000 евра преку Табановце

Горан Наумовски