Тошковски: Нападите врз дипломатски објекти нема да останат неказнети

Од:

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски остро го осуди вчерашниот инцидент со палењето возило во сопственост на Амбасадата на Бугарија во Скопје, нагласувајќи дека насилството нема да биде дозволено ниту толерирано.

Во одговор на новинарско прашање на потпишувањето на Декларацијата за намери за превенција на насилството кај младите, Тошковски истакна дека ваквите настани се неприфатливи и дека институциите реагирале навремено.

– Осуда за какво било насилство спрема било кого во Македонија е логична. Насилство нема да дозволиме и нема да биде толерирано – потенцира министерот.

Тој посочи дека Министерството за внатрешни работи брзо постапило во насока на расветлување на случајот, при што осомниченото лице било идентификувано и лишено од слобода.

– Лицето кое се сомничи за палењето на возилото е многу брзо идентификувано и обезбедено од страна на МВР, во соработка со Агенцијата за национална безбедност – информираше Тошковски.

Според него, случајот се процесира во координација со надлежните институции, а од Обвинителството се очекува понатамошно постапување по итна постапка.

– Очекуваме во текот на денот да има соопштение од страна на обвинителството и од судот во однос на понатамошните чекори – рече министерот.

Тошковски повтори дека институциите имаат јасен став за ваквите појави, особено кога станува збор за оштетување имот на странски дипломатски претставништва.

– Огромна осуда лично од моја страна и од страна на сите оние, пак ќе повторам, политички фактори во државава на било какво насилство, особено насилство насочено кон оштетување предмети коишто се во сопственост на соседна држава, особено таков тип на насилство треба да биде предмет на осуда и е предмет на осудата, потенцираше тој.

Во однос на мотивите за инцидентот, министерот посочи дека во овој момент не може да сподели повеќе информации, но додаде дека постапката е во тек и се води согласно законските процедури.

Би можело да ве интересира

МВР: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската амбасада

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Запалени возила на бугарската Амбасада во Скопје, полицијата трага по сторителот

Горан Наумовски

Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут“, бара СДСМ

Тошковски ги отфрли барањата за оставка: Резултатите на МВР се најдобри досега

Горан Наумовски