Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Иран нема да добие нуклеарно оружје „без оглед на договор или не“ меѓу САД и Иран, оценувајќи дека спречувањето на иранското нуклеарно оружје е негова „животна мисија“, а во исто време рече дека Израел ќе продолжи да дејствува независно во заштитата на своите безбедносни интереси.
Според „Тајмс оф Израел“, Нетанјаху нагласи дека заедничките напади на САД и Израел врз Иран биле успешни, наведувајќи дека израелската акција отстранила, како што рече, „непосредна нуклеарна закана“.
– Со или без договор, Иран нема да има нуклеарно оружје – ниту денес, ниту утре, рече Нетанјаху.
