Договорен крај на војната: САД и Иран ќе потпишат мировен договор

Од:

Соединетите Американски Држави и Иран, со посредство на Пакистан, постигнаа договор за прекин на огнот на сите фронтови. Потпишувањето на договорот е најавено за 19 јуни во Швајцарија.

Соединетите Американски Држави и Иран постигнаа договор за итно и, како што се објавува, траeн прекин на огнот на сите фронтови, тврди пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, кој учествуваше во посредувањето на преговорите. Тој објави на мрежата X дека по интензивни разговори е постигнат мировен договор меѓу Вашингтон и Техеран, со кој се суспендираат сите воени операции, вклучително и на територијата на Либан.

Според него, официјалното потпишување на договорот е планирано за 19 јуни во Швајцарија. Шариф им се заблагодари на медијаторите, вклучувајќи ги Катар, Саудиска Арабија и Турција, за нивниот придонес во преговорите.

Иранската новинска агенција Мехр претходно објави нацрт на договорот од 14 точки, кој предвидува прекин на непријателствата. Исто така, се наведува дека Иран треба да се обврзе да не се стреми кон нуклеарно оружје, додека американската страна наводно инсистира на дополнителни ограничувања на иранската нуклеарна програма и регионалните активности.

Би можело да ве интересира

Иран и Оман постигнаа договор, Трамп се закани со бомбардирање

Горан Наумовски

Иран прогласи „воена и политичка победа“ над Израел и САД

(ВИДЕО) Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но ако нè нападнат – ќе возвратиме

Иран има нова мета

Иран нуди речиси 30.000 долари за секој убиен или заробен американски војник

Трамп: „Можеби наскоро ќе го прогласам Ормутскиот Теснец за американска територија“