Хамилтон по историската прва победа со Ферари: Се случи она за што сонував

Од:

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, ја оствари својата прва победа како возач на Ферари, триумфирајќи на една од највозбудливите трки во сезоната 2026.

За Хамилтон ова беше 106-та победа во кариерата, но прва зад воланот на легендарниот италијански тим, откако оваа сезона му се приклучи на Ферари.

„Морам да им се заблагодарам на сите во Ферари, на тимот во Маранело и на Фред Васер што веруваше во мене и ме донесе во овој тим. Ова е чекор кон остварување на еден сон, кој минатата година изгледаше речиси невозможно. Никогаш не ја изгубивме надежта и продолживме да работиме“, изјави Хамилтон по трката.

Британецот призна дека оваа победа има посебно значење за него.

„Секоја победа е посебна, но оваа е поинаква. Кога бев помлад ги гледав успесите на Ферари на телевизија и се прашував како би било да победиш во тој болид. Сега тоа конечно се случи“, рече Хамилтон.

Тој додаде дека повторно ја пронаоѓа својата најдобра форма, истакнувајќи дека напорната работа, промените во тимот и меѓусебната доверба почнуваат да ги даваат посакуваните резултати.

Осврнувајќи се на шампионската трка, Хамилтон порача дека сезоната е далеку од завршена.

„Пред нас има уште долг пат. Ривалите се сè уште многу брзи, но ние ќе продолжиме да работиме и да го намалуваме заостатокот. Ништо не е решено“, изјави Хамилтон.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) На Ибарска магистрала се преврте приколка која носеше „ферари“ и „мерцедес“

А1он