(ФОТО) На Ибарска магистрала се преврте приколка која носеше „ферари“ и „мерцедес“

Од:

На делот од Ибарска магистрала, во градот Прељина (Шумадија, Србија), се случи невообичаена сообраќајна несреќа кога се преврте приколка од камион за влечење со албански регистарски таблички.

Според првите информации, на приколката имало скапи автомобили од марката „ферари“ и „мерцедес“ од најновата генерација.

Превртувањето се случи под околности кои сè уште не се разјаснети, а возилата се оштетени во таа прилика.

Полицијата е на терен и врши истрага, поради што сообраќајот е значително забавен, а се формираат долги редици возила во правец на Чачак и Краљево.

Засега нема информации за евентуални повредени, а повеќе детали се очекуваат по завршувањето на истрагата.

Би можело да ве интересира

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он