Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Од:

Шеесет и деветгодишниот сопственик на викендица во штипската викенд населба Кумлак е во добра и стабилна состојба информираат од Клиничка болница-Штип.

Посочуваат дека е подобар, но поради изгорениците по екстремитетите и вдишаниот чад ќе остане под лекарски надзор.

Тој при гаснењето на пожарот на кровот на неговата викендица се здобил со изгореници од втор степен на потколениците и левата рака.

Според информациите од Дарко Коцев пожарникар водич во ТППЕ-Штип штети има на една викенд куќа, а од огнената стихија навреме се спасени пет викендици, лозови и овошни насади и борова шума.

Пожарникарите денеска биле во обиколка во пет наврати и како што вели Коцев нема никакво чадење на теренот, каде што вчера по 14 часот започна огнената стихија, за која што очевидци тврдат дека е предизвикана од пироман.

Би можело да ве интересира

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски