Дали Епл го губи својот блесок по заминувањето на Стив Џобс?

Од:

Уште неколку разочарувачки четиримесечни периоди – или забавување на растот на продажбата на ајфон – и може да се нарасне сомнежот околу иднината на Епл по Стив Џобс.

Ако малку се смиривте по минатонеделната крвава слика во врска со заработувачките кај технологиите, земете го во предвид ова: што ќе се случи ако Епл, највредната технолошка компанија на светот, пропадне? Ова е морничава мисла. Како што се приближува годишнината од смртта на Стив Џобс, визионерот и посветениот извршен директор зад најпосакуваните производи на Епл, можно е да се отворат тешки прашања околу иднината на Епл, посебно ако доживееме уште неколку четиримесечни периоди на разочарувачки резултати од заработувачката – или од пад на растот во продажбата на ајфон.

Минатата недела, Епл објави ретко разочарување од продажбата. Извештајот се однесуваше на слабата продажба на ајфон, кое од Епл се обидоа да го објаснат со „озборувањата и шпекулациите“ во врска со новиот модел на ајфон што може да доведе до тоа потрошувачите да почекаат на новиот модел. Епл пријави 35 милијарди долари заработка од минатиот четиримесечен период а тоа е под очекувањата на Волс стрит за остварување на заработка од 37 милијарди долари, и потоа рекоа дека продале 26 милиони ајфони, што е пад во споредба со 35,1 милиони парчиња од претходниот четиримесечен период, но за 28 отсто повеќе од минатата година. Овој резултат беше непосакуван вест од компанијата која нормално ги надминува очекувањата од Вол стрит. „Разочарувачки е бројот на продадени ајфони“, благо искоментира Пајпер Јафреј, аналитичар од Џин Мунстер.

Епл има победнички производ во ајпад таблетот, но таа направ се соочува со растечка конкуренција, што е најочигледно со новопретставените направи од Гугл и Мајкрософт. И не заборавајте дека продажбата на ајфони носи скоро половина од вкупните приходи на Епл, иако продажбата на новиот – и поскап ајпад – брзо расте. За да го продолжи својот восхитувачки раст во следните пет години – кој е заеднички влог на капитал со џинот Марк Андерсен кој е временска одредница за техничките иноваци од Силиконската долина – на Епл ќе му треба нов пробивен производ. Конкуренцијата нема да остане засекогаш во хаос, и веќе има знаци дека ривалите на Епл всушност се здружуваат. Епл доживеа пад од 5 проценти по објавувањето на извештајот, иако по ова пак отскокнаа, делумно затоа што акциите на компанијата се уште се сметаат за безбедни на посебно турбулентниот пазар.

Што ако Стив Џобс веќе го престави восхитувачкиот баланс на пробивните производи на Епл? По се, за време на неговиот кратка, но кариера која се случува еднаш во векот, тој радикалнио поремети барем седум индустрии: персоналнте компјутери, софтверот за десктоп, музиката, мобилните телефони, издаваштвото, таблет компјуерите и холивудската анимација, како што неодамна кажа биографот на Џобс, Волтер Ајзаксон во емисијта 60 минути.

Неделава, Асошиетед прес објави приказна со навистина вџашувачки наслов: „Ајфон бледнее, додека Самсунг блеска“. Ајфон бледнее? Тоа не е впечатокот кој произлегува од извештајот на компанијата, ниту пак тоа го велат нејзините извршни директори. Додека потрошувачите го чекаат новиот ајфон, тоа значи дека тие навистина посакуваат еден таков. Се разбира, ослабнатата економија тука многу не помага, но како што рече извршниот директор на Епл, Тим Кук: „Мило ми е што луѓето го посакуваат следното нешто. Јас сум супер среќен заради тоа“. Па што нуди сторијата на АП како поддршка за насловот?

Некогаш секси ајфонот почнува да изгледа малечок и недоволен… Заради мала доза на смартфонска љубомора, сопствениците на ајфон не треба да барата подалеку од Самсунг елетроникс ко., производителот број еден на смартфони во светот. Нивниот нов водечки модел на телефон, галакси с-3, е сладок и тенок како кора. Може да работи на најбрзите мрежи и исто така да служи како „умен паричник“ – двете нешта кои култниот телефон на Епл не може да ги прави“. вели Рамон Лиамас, аналитичар од истражувачката фирма ИДЦ. Ајфонот има „малку предолги заби“.

Вистина е дека стратегијата на Епл да исфрла по еден нов ајфон годишно остава отворена врата на полето за натпревар со конкуренцијата во остатокот од годината, како што се истакнува во извештајот. Исто така е вистина дека екранот на ајфон – 8,9 сантиметри во дијагонала – остана ист уште од исфрлањето на првиот модел пред пет години, стои исто така во извештајот. И вистина е и дека конкуренцијата на Епл – а највпечатлив е Самсунг – итаат напред со нови модели со кои ги зголемуваат предизвиците во неверојатната трка на ајфон.

Мислам дека е прерано да се објави дека присуството на ајфон „бледнее“. Не можеме да знаеме дали потрошувачите навистина намалено ја купуваат направата, се додека не дојдат извештаите на компанијата за заработувачката по исфрлањето на новот модел. Исто така мислам дека сето ова има поттекст во некои од негативните поглавја на Епл, и дека е тоа малку подлабоко отколку прашањето дали потрошувачите се ладат во врска со главниот производ на компанијата. Скоро една година по смртта на култниот основач и духовен лидер на Епл, Стив Џобс, колку долго може Епл да продолжи во својата неверојатна трка на деловни перформанси без него?

Сетете се дека кога минатиот пат Џобс ја напушти компанијата, таа скоро пропадна. Дали насетувам дека тоа повторно ќе се случи? Не. Епл има скоро 100 милијарди долари во кеш. Исто така, Џобс ги обезбеди главните канали за производи на компанијата со кул направи. (Знае ли некој нешто за новиот Епл ти-ви?) И најважно, тој ја инсталираше културата на инвации и нивно извршување во самата днк на Епл, која и понатаму добро ќе и служи на компанијата. И извршниот директор Тим Кук, кој беше главен оперативен директор на компанијата во изминатата деценија, беше неизбежен дел од најдобрата производствена класа на Епл, во ланецот на набавки. Како фокусиран и брилијантен опреативен мислител, задачата на Кук беше да ги изврши визиите на Џобс, и тој тоа величествено го правеше. Кук агресивно тргна да ги решава проблемите во врска со работните услови на Епл кај кинескиот индустриски џин Фокскон. Тој ги олабави ограничувањата на Џобс во врска со корпоративната филантропија, и инцираше нов план за спроведување на долгорочно делење на дивиденди за акционерите на Епл – онаков кој ќе ја смести компанијата во моќниот индустриски просек на Дау Џоунс.

Но колку и да го почитувам, Тим Кук не е Стив Џобс. Онаму каде Џобс беше иконокластичен и стамен, Кук е сепак помал играч. Кук гори со потценет интензитет, но не со викање по телефон, со страстно дерење по кое Џобс беше познат. Со други зборови, можеби беше неизбежно да се отворат прашањата околу судбината на Епл во времето по Џобс. Всушност, овие прашања се отворија многу скоро откако Џобс почина пред 10 месеци – дури и кога ѕвездените перформанси на компанијата во изминатата година ги замолчеа повеќето од оние загрижени.

Со отворањето на прашањето за иднината на Епл по Џобс, не сакам да распалувам страсти, ниту пак се обидувам да ја омаловажам компанијата која длабоко ја почитувам. Но уште неколку четиримесечја со резултати под очекувањата, можат да го преплашат и самиот Вол стрит. Идниот слаб раст на продажба на ајфон може да го негира објаснувањето „потрошувачите го чекаат новиот модел“. и само ќе предизвикаат да пораснат шпекулациите околу иднината на Епл. Уште не сме стигнале дотаму – сегашната цена на акциите на Епл е се уште речиси 60 проценти над онаа од минатата година. Но за компанија која е важна исто колку што е и ценета – како што е тоа Епл – можеби и не е прерано да се отворат овие прашања.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска