Автомобил удри во група деца на велосипеди во Холандија – тројца загинаа

Од:

Три лица, меѓу кои две деца, загинаа денес во тешка сообраќајна несреќа во Холандија кога автомобил удри во група ученици на училиштен велосипедски излет, соопштија локалните власти.

Несреќата се случила во близина на селото Фогелварде, недалеку од границата со Белгија, во јужната холандска покраина Зеланд, пренесува Euronews.

Според властите, автомобилот удрил во група од 14 деца на велосипеди и двајца возрасни придружници кои учествувале во училиштен камп.

Три лица загинаа во несреќата, додека четири деца се тешко повредени и се итно префрлени во болница.

Властите сè уште не го објавија идентитетот на децата вклучени во несреќата.

„Патнички автомобил се судрил со група од 14 деца на велосипеди и двајца придружници за време на училиштен камп“, се вели во соопштението на локалните власти.

Околностите под кои се случила трагедијата сè уште се истражуваат, а полицијата започна истрага за да ги утврди сите детали за несреќата.

Би можело да ве интересира

Прегазен велосипедист на булевар во Скопје

А1он

Холандија заплени 23 милиони електронски цигари и стотици илјади вајпови

А1он

Холандија има повеќе од 2.500 стогодишници, мнозинството се жени

А1он

MIVD: Европа мора да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Експлозија го потресе центарот на Утрехт, пожарникарите се борат со пожарот, неколкумина се повредени

Горан Наумовски