Италијанскиот астронаут на Европската вселенска агенција (ЕСА), Лука Пармитано, ќе биде првиот Европеец што ќе учествува во програмата „Артемис“ на НАСА, објави денес шефот на американската вселенска агенција НАСА, Џаред Исакман.
49-годишниот Пармитано ќе биде еден од четворицата астронаути на мисијата „Артемис 3“, рече Исакман.
Лансирањето се очекува во 2027 година.
Сепак, вселенското летало нема да оди на Месечината, туку ќе биде во Земјината орбита за тестирање.
Покрај Пармитанo, во екипажот ќе бидат и американските астронаути Андре Даглас, Френк Рубио и Ренди Бресник, додека Боб Хајнс ќе биде резерва во случај на потреба.
За разлика од првичните планови, мисијата „Артемис 3“ не вклучуваше слетување на Месечината. Наместо тоа, ќе се тестира поврзувањето на вселенското летало „Орион“ со системите за слетување на Месечината.
Преку програмата „Артемис“, НАСА има за цел да воспостави трајно присуство на Месечината, пренесува ДПА.
