Велика Британија, Германија и Франција поддржуваат директни разговори меѓу Путин и Зеленски

Од:

Лидерите на Велика Британија, Германија и Франција (Е3) денес изјавија дека го поддржуваат предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски лично да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговара за постигнување прекин на огнот.

Во заедничка изјава по состанокот во Лондон, британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон изјавија дека го поздравуваат повикот на Зеленски за прекин на војната и го поддржуваат предлогот за директен дијалог меѓу Украина и Русија, со активно учество на САД и Европа, објави Ројтерс.

Зеленски денес изјави дека пристигнал во Обединетото Кралство во официјална посета и дека ќе одржи билатерални разговори со претставници од таа земја, како и од Франција и Германија, со фокус на безбедносната соработка.

Тој во објава на платформата X изјави дека главниот фокус на разговорите ќе биде украинската одбрана во војната против Русија, како и „поголема соработка за безбедноста на цела Европа во областа на воздушната одбрана“ и постигнување заеднички став за „дипломатските перспективи“.

Би можело да ве интересира

Украинците повторно ги напаѓаат магацините на „рускиот Амазон“, пожари во Ленинградската област

(ВИДЕО) Најмалку 18 повредени во напад врз Запорожје

Горан Наумовски

Рубио по средбата со Лавров: САД се подготвени да понудат нови идеи за мир во Украина

Захарова: Во Велика Британија владее сукцесија и во политиката, не само во монархијата

Карлсон: Демократите ја мразат Русија затоа што е бела и христијанска земја

Санкт Петербург: Украински агент со бомба уапсен во метро