Рјабков: Русија не исклучува дипломатско решение за Украина

Од:

Русија не исклучува дипломатско решение на конфликтот со Украина, но тоа е можно само ако оние „од другата страна“ разберат дека рамката од Анкориџ е единствената одржлива опција, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков.

– Рамката на договорите постигнати на самитот Русија-САД во Алјаска нема алтернатива и дојде време да се пополни со конкретна содржина, изјави Рјабков, пренесува ТАСС.

„Специјалната воена операција продолжува, целите ќе бидат постигнати, но ние не го отфрламе дипломатскиот пат и сме подготвени, отворени да работиме во таа насока, ако другата страна разбере дека рамката од Анкориџ нема алтернатива и дека дојде време да се пополни со конкретна содржина“, изјави рускиот дипломат за новинарите.

Би можело да ве интересира

Русија ѝ се закани на Австрија

Украина разви модем за дронови, повеќе нема да зависи од „Старлинк“

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

Зеленски бара јасни безбедносни гаранции: Кој и како ќе реагира ако Русија повторно ја нападне Украина?

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната