ИЈЗ: Очекуваме Обвинителството да ги разгледа забелешките од ревизијата

Од:

По објавениот извештај на Државниот завод за ревизија, директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска на денешната прес-конференција изрази надеж дека Јавното обвинителство ќе реагира за утврдените неправилности во овој Институт пред таа да дојде на чело на институцијата.

– И мене некои работи ми изгледаа нестварно штом дојдов на оваа функција, што се случувало пред јас да дојдам на позицијата – рече Андоновска.

Кога дошла на директорската позиција, со нејзиниот тим констатирале дека нема реагенси и немало евиденција за реагенси.

– Дел од луѓето примале плата, а не доаѓале на работа, колеги ги евидентирале дека доаѓаат на работно место, а тие за возврат им давале пари – посочи Андоновска.

Некои лица биле примени на работа без административен испит, а исто така констатирале и неправилни унапредување и исплаќање додатоци. Несоодветен начин имало за наградување на вработените, се набавувала непотребна медицинска опрема. Се набавувале апарати што веќе ги имаат, наместо нешто што недостасува. Фармацевтски техничар извршувал услуги на медицинска сестра или лаборант, со што здравствените услуги биле ставени под знак прашалник.

Андоновска информираше дека пред таа да дојде на чело на ИЈЗ, се случувало да се склучи договор на дело со веќе вработени лица. Се издавал простор сопственост на ИЈЗ на пекара, нешто што, подвлече таа, било спротивно на Законот. Се правеле јавни набавки што не биле предвидени во годишниот план.

На новинарско прашање, Андоновска одговори дека од 44 до 88 илјади денари се добивало плус на платата на едно вработено лице за архивска граѓа – како на пример, чистење двор.

Андоновска сепак истакна дека дел од вработените во Институтот за јавно здравје си ја вршеле чесно и професионално работата, па апелираше сите вработени да не се ставаат во ист кош.

Таа увери дека најголем дел од работите што се случувале во Институтот, сега се надминати.

Би можело да ве интересира

ОЈО бара притвор за Богоев, осомничен е дека примил мито од над 111.000 денари

А1он

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција

Савески: Секој предмет ќе добие институционален епилог

ОЈО: Поднесено е обвинение за примање награда против Фехми Стафа

Обвинителството започна истрага против скопјанец кој со пиштол се обиде да си ја убие сопругата

Водата во Струга не е исправна за пиење