САД извршија воздушни напади врз иранскиот остров Кешм

Од:

Американските сили извршија напади на иранскиот остров Кешм, а денес Централната команда на САД (CENTCOM) го нарече овој чин самоодбрана. Во соопштението се вели дека нападите биле одговор на обидите за напади од страна на Иран низ Блискиот Исток.

– Иран лансираше неколку балистички ракети кон своите регионални соседи, но ниту една не успеа да ја погоди нивната цел. Две ракети испукани кон Кувајт не ја достигнаа целта или се распаднаа во лет, а три ракети испукани кон Бахреин беа веднаш пресретнати од американските и бахреинските сили за воздушна одбрана, објави CENTCOM на социјалната мрежа X.

CENTCOM потврди дека американските сили погодиле иранска воена контролна станица на островот Кешм и дека во нападот нема повредени американски војници.

Би можело да ве интересира

Џефри Сакс: „Америка веќе не е единствената суперсила во светот“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Иран се заканува со „силен одговор“: „Посилни сме од кога било“

Иран ги потврди нападите врз американската флота – Гашгави тврди: Преговорите повеќе не се опција

Иран испрати порака до САД: „Нападите врз нашите танкери се воено злосторство“

„Фајненшел тајмс“: Американците ноќе, тајно ги исчистија мините од Ормутскиот теснец

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“