Одбележани 80 години од раѓањето на академик Глигор Јовановски со промоција на изданија на МАНУ

Од:

Во просториите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), свечено се одбележа 80-годишниот јубилеј од раѓањето на академик Глигор Јовановски.

Свеченоста ја отвори претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, со пригодно обраќање посветено на животот, научното творештво и на значајниот придонес на академик Јовановски во развојот на македонската наука.

Во рамките на настанот беа промовирани изданијата „Собрани трудови IV (2015 – 2025)“ од академик Глигор Јовановски, со осврт на проф. д-р Петре Макрески, како и монографијата „Македонски природни богатства“, чиј приредувач е академик Јовановски, за којашто говореше проф. д-р Валентин Мирчески, дописен член на МАНУ.

Настанот привлече голем интерес кај научната и пошироката јавност, за што сведочеше исполнетиот Амфитеатар на МАНУ. Свеченоста беше заокружена со обраќање на академик Глигор Јовановски, кој се заблагодари за укажаната чест и за долгогодишната поддршка од колегите, соработниците и од институциите со кои соработувал во текот на својата научна кариера.

Би можело да ве интересира

МАНУ: Македонија има потенцијал да стане лидер во рударството во регионот

Катерина Ѓуровски

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Попов: Потребни се коренити реформи во научноистражувачката дејност и високото образование

Камбовски: Прашањата поврзани со идентитетот, дури и таму каде што има билатерални спорови, да не се подигнуваат на рамниште на вето и условувања за членство во ЕУ

Грозданов: Време е науката да проговори – стоп за еко популизмот

Грозданов: Предлог стратегијата на МАНУ за минерални суровини наместо визија за иднината, создава конфузија