Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, денес изјави дека Техеран нема да прифати никаков договор со своите противници сè додека не биде сигурен дека се обезбедени правата на иранскиот народ, нагласувајќи дека иранските преговарачи не им веруваат на ветувањата на своите противници и ќе прифатат само конкретни резултати како мерило.
– Војниците на дипломатскиот фронт не им веруваат на зборовите и ветувањата на непријателот. За нас, мерилото се конкретни достигнувања што мора да се постигнат за да се исполнат нашите обврски. Нема да одобриме никаков договор сè додека не бидеме сигурни дека се обезбедени правата на иранскиот народ, изјави Калибаф на почетокот на новата парламентарна година, објави Тасним.
Калибаф оцени дека задачата на дипломатијата е да ги претвори воените успеси на Иран во политички и правни достигнувања, додека целта на државните институции е да ги користат овие резултати за решавање на економските и животните проблеми на граѓаните.
