Британскиот весник „Телеграф“ објави обемна анализа на актуелната политичка ситуација во Турција, во која се тврди дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се појавува како долгорочен победник од американско-израелската војна против Иран.
Како што е наведено во текстот, глобалниот безбедносен вакуум му овозможи на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган значително да ја зајакне позицијата на својата земја на светската сцена, првенствено преку проширување на одбранбената индустрија и извозот на оружје.
Иако британскиот весник во својот напис споменува внатрешни политички превирања и притисок врз опозицијата во Турција, аналитичарите истакнуваат дека фокусот на меѓународната заедница сега е првенствено на воената и индустриската моќ на Турција.
Според „Телеграф“, Ердоган вешто го искористува сегашниот „распаднат глобален поредок“, од војната во Украина до дипломатските промени под администрацијата на Доналд Трамп во САД, за да ја направи Турција неопходен партнер.
Угледниот весник нагласува дека Турција максимално ја користи безбедносната трансформација на Блискиот Исток и во други делови од светот. Многу земји се свртуваат кон Анкара во потрага по воена опрема.
